Санчо го фаќа носталгија и нема намера да продолжи во Германија, Манчестер јунајтед со ултиматум до Дортмунд

by
1 минути читање

Борусија Дортмунд постави висока цена од 120 милиони евра за услугите на Џејдон Санчо, клубот од Сигнал Идуна Парк најави дека нема да дава попуст, но цврстиот став може да биде променет.

Како што пренесува Скај Германија, Џејдон Санчо го фаќа носталгија, нема намера да проодлжи во Бундеслигата и бара да се врати на „островото“.

„Џејдон Санчо сака да замине од Борусија Дортмунд ова лето. Го фаќа носталгија, повеќе не сака да биде тука. Тешко е да се кажа дали ќе штрајкува како Дембеле, но притисокот врз БВБ станува екстремно голем“ – вели новинарот Марк Бехренбек.

Во меѓувреме, Дејли Стар пренесе дека Манчестер јунајтед ќе испрати ултиматум до Борусија Дортмунд. „Ѓаволите“ на маса ќе стават предлог вреден 80 милиони фунти (речиси 90 милиони евра) и нема да одат над оваа граница, односно понуда земи или остави.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×