Арсенал може да добие двајца искусни бразилски фудбалери, Вилијан од Челси и Кутињо од Барселона.
Договорот на Вилијан со Челси истекува по крајот на оваа сезона и тој не успеа да се договори со сините за продолжување на соработката.
Се верува дека тој ќе остане во Лондон, најпрво се поврзуваше со Мурињо и Тотнем, но последните информации велат дека Арсенал е поблиску до неговиот потпис.
Во случајот на Кутињо приказната е поинаква. Барселона сака да се ослободи од Бразилецот, но нема многу понуди за него па ќе мора да ја намали сумата која ја бара.
Артета во Кутињо гледа искусен играч, докажан во Премиерлигата кој може да биде многу значаен за остварувањето на амбициите. Се шпекулира за можна размена на Гендузи со Кутињо со доплата од страна на Арсенал.
Покрај ангажманот на нови фудбалери, една од приоритетните цели на Артета е да ги задржи Обамејанг и Лаказет.