Два гола на Роналдо за победа над Лацио, Скудетото полека му се насмевнува на Јувентус (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Скудетото полека
му се насмевнува на Јувентус, откако ривалите не успеаја да фатат приклучок,
избраниците на Маурицио Сари вечерва со 2-1 го совладаа Лацио и дојдоа на +8 на
табелата на четири кола до крајот.

Во првото полувреме
немаше многу шанси, Алекс Сандро од прекин ја погоди стативата, а на спротивната
страна, во финишот, Имобиле со удар од врвот на
шеснасетникот ја стресе рамката од голот.

Продолжението од
натпреварот беше многу поинтересно, второто полувреме беше отворено со шанса на
Кристијано Роналдо, ЦР7 паднат закачи една топка, но обидот беше благ па Лацари
расчити од гол линијата.

Сепак, само неколку
минути подоцна, еден удар на Роналдо заврши во раката на Бастос, судијата го
извади прекршокот надвор од шеснаесетникот но по реакција на ВАР се корегираше
и покажа на белата точка. ЦР7 превзеде одговорност и погоди за 1-0.

Само три минути
подоцна, Лацио погреши на средината од теренот, Дибала и Роналдо се најдоа сами
пред Стракоша, Аргентинецот несебично асистираше за втор гол на ЦР7 и водство
од 2-0.

Едно недоразбирање
помеѓу Бонучи и Шчесни во финишот донесе пенал за Лацио, Имобиле намали на 2-1
и најави неизвесна завршница. Гостите имаа прилика за бод, но обидот на Милинковиќ
Савиќ од слободен удар беше одбранет.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×