Денеска на
програмата во Сегунда е последното коло, речиси сите натпревари требаше да
почнат во исто време, но непосредно пред стартот, пристигна вест дека мечот
помеѓу Депортиво и Фуенлабрада е одложен поради коронавирус.
Еден член на
гостите имал симптоми, па биле направени брзи тестови кои покажале дека дури
седум лица се заразени со ковид 19. Решено е овој меч да биде одложен,
а другите да се играат во предвидениот термин, одлука на која негодуваа многу
клубови а најгласен беше Рајо на нашиот Столе Димитриевски.
Пресметката
помеѓу Депортиво и Фуенлабрада е клучна за расплетот и на долниот дел на
табелата и на горниот дел, домаќините се борат за опстанок, а гостите за бараж
за промоција во Ла Лига, па може да има доста калкулации.
„Во проектот вложивме
многу пари и време и денеска играме за влез во бараж. Покрај тоа што треба да
победиме, Елче не треба да победи и Фуенлабрада треба да изгуби. Фуенлабрада има
тежок натпревар против историски ривал кој се бори за опстанок. За да остане во
Секунда, Депортиво не само што треба да победи, во корист треба да му одат и
резултатите од мечевите на Албасете и Луго“ – се вели во соопштението.
„Па со тоа што се
одложи само натпреварот на Депортиво, постои можност тимот од Ла Коруња да
испадне доколку Албасете и Луго победат. Па Депортиво ќе нема мотив да игра
против Фуенлабрада, и тоа сериозно ќе го оштети Рајо“.
„Не сакавме да
играме, но нè принудија, ни се заканија со одземање на бодови. Затоа ќе ги
искористиме сите правни алатки за да ги браниме нашите интереси“.
Депортиво исто
така размисува за тужба и да бара службена победа бидејќи тестови се прават на
48 часа пред секој натпревар и во таборот на Фуенлабрада морале порано да знаат
дека имаат позитивни играчи.