Ла Лига синоќа
имаше контроверзен крај на сезоната, на дуелот помеѓу Леганес и Реал Мадрид,
домаќините не добија пенал во финишот од мечот кој можеше да значи опстанок во
елитата.
Лука Јовиќ играше
со рака во сопствениот шеснаесетник, судијата не се огласи а откако спорниот
момент беше прегледан од страна на ВАР, играта продолжи без најстрога казна.
Ваквиот развој на
настаните ја разбранува јавноста, а поранешните судии кои цела сезона ги
коментираат одлуките, велат дека немало дилема, пеналот бил чист.
„За мене ова е
пенал. Раката не му е залепена за тело, или како што милуваат да кажат во денешно
време, раката на Јовиќ е во неприродна позиција. Оваа сезона се судеа пенал и за
многу помалку, па мораше да има најстрога казна. Исто така, не ми е јасно зошто
судијата не појде до мониторот крај теренот и сам да ја види целата ситуација“ –
вели Итуралде Гонзалез.
Сличен е ставот и
на Андухар Оливер, кој порача: „Пеналот е чист. Јасно се гледа како Јовиќ ја
крева раката. Ако во предвид ги земеме пеналите што се судеа претходно, не
разбирам како ова не е пенал. Лудост е што ВАР не досуди најстрога казна“.
Спорниот момент можете
да го погледнете на видеото подолу.