На четири кола до
крајот на сезоната во Серија А, Интер и Аталанта имаат недостижна предност во
однос на Рома, па математички обезбедија топ четири пласман, кој носи учество во
Лигата на шампионите.
Сепак, нивниот
настап во најелитното европско натпреварување не е 100% загарантиран, постои
лудо сценарио во кое можат да останат без елитен фудбал.
Во август ќе се
доигруваат Лигата на шампионите и Лига Европа, па доколку Наполи и Рома стигнат
до трофеите, тогаш четвртото место на табелата во Серија А нема да носи пласман
во ЛШ.
Според
пропозициите на УЕФА, една земја може да има најмногу пет учесника во Лигата на
шампионите, и во случај Наполи и Рома да триумфираат во Европа, само првите
три позиции на табелата ќе носат елитен фудбал следната сезона, а позицијагта
број четири ќе носи во Лига Европа.
Секако, мали се
шансите дека ќе се случи еден ваков расплет на настаните, но екипата која ќе заврши како четврта во Серија А ќе треба да почека уште некоја недела за со сигурност да може да каже дека ќе игра во Лигата на шампиони.