Де Хеа оваа сезона е мета на големи критики, во синоќешниот меч од ФА Купот му подари два погодци на Челси и повторно е актуелен во медиумите поради киксови.
Тој е најплатениот голман во светот со плата од околу 410.000 евра неделно, договорот му трае до 2023 година.
Мурињо кој му беше тренер на Де Хеа во Манчестер јунајтед смета дека Шпанецот е фантастичен голман, но договорот му е поголем отколку што треба.
„Де Хеа? Мислам дека тогаш кога потпиша огромен договор, Манчестер јунајтед не мораше да му даде толку голема сума за да го задржи“, вели Мурињо.
„Пред една или две години цел свет го сакаше, во овој момент вратата на големите клубови е затворена за него“.
„Вратата на Реал Мадрид е затворена бидејќи не им треба голман, го имаат Куртоа“.
„Вратата на Барселона е затворена бидејќи имаат млад и фантастичен голман во Тер Штеген, ПСЖ го имаат Кејлор Навас кој е многу добар голман“.
„Не гледам притисок сега врз Де Хеа. Кој би му дал плата сега каква што има во Манчестер јунајтед? Тој има феноменален договор во моментов, имаше среќа што го доби“.
„Дали е добар голман? Да, тој е многу добар голман. Многу е подобар на линијата отколку на истрчувања. Мислам дека на гол линијата му нема рамен, неговата агилност и техничко ниво се неверојатни“.