Селта одигра 0-0 на гостувањето кај Еспањол, а тоа значеше дека на Леганес му е потребен триумф против Реал Мадрид за да се спаси.
Кралскиот клуб и покрај тоа што веќе ја имаше освоено титулата и немаше потреба од резултат, максимално фер го одигра мечот, се залагаше за триумф иако не успеа да дојде до него, натпреварот заврши 2-2.
Но во центарот на вниманието е еден спорен момент, во самиот финиш од мечот, при резултат 2-2 се случи игра со рака на Јовиќ во шеснаесетникот на Реал Мадрид. ВАР подолго време анализираше и одлучи да не досуди пенал.
Шпанските медиуми речиси без исклучок сметаат дека Леганес е оштетен, требаше да добие пенал кој можеби ќе им донесеше опстанок.
ESCÁNDAL
Penalti de Jovic por mano no señalado, min 83. pic.twitter.com/B71jokh0GR
— ZB (@ZB_Media_06) July 19, 2020