Сезоната во Шпанија заврши, Леганес не го победи Реал Мадрид и испадна во втората лига (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Во последното коло од Примера се одлучуваше за последниот патник во втората лига и за квалификациското место во Лига Европа.

Леганес имаше предизвик да го победи Реал Мадрид, а притоа Селта да не триумфира на гостувањето кај веќе испаднатиот Еспањол.

Селта одигра 0-0 кај Еспањол, а Леганес за малку не успеа да го победи Реал Мадрид и да се спаси, нивниот меч заврши 2-2, тие имаа шанси и за триумф, но не ги реализираа, една од пропуштените беше во 96. минута.

Претходно Реал Мадрид поведе со гол на Рамос во деветата минута, пред крајот на првиот дел Хил изедначи на 1-1.

Асенсио по седум минути игра во второто полувреме го врати водството на Реал Мадрид, а Асал на десетина минути пред крајот погоди за 2-2 и возбудлива завршница која сепак заврши тажно за домаќините.

Барди не настапи за Леванте кој со гол во судиското продолжение го совлада Хетафе и го лиши од место во Европа.

Реал Мадрид е шампион, а покрај нив во Лигата на шампионите ќе играат Барселона, Атлетико Мадрид и Севиља.

Во групната фаза од Лига Европа се пласираа Виљареал и Реал Сосиедад, а Гранада ќе бара место таму преку квалификации.

Од лигата испаднаа Леганес, Мајорка и Еспањол.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×