Два кикса на Де Хеа и автогол на Мегваер, Челси е во финале на ФА Купот (ВИДЕО)

by
1 минути читање

По три порази,
Лампард успеа да го добие Солшер оваа сезона и тоа можеби во најзначајниот меч.
Челси ќе игра финале во ФА Купот откако вечерва со 1-3 славеше над Манчестер
јунајтед на Вембли.

На резултатот
кумуваа два кикса на Де Хеа и автогол на Мегваер. Резултатот беше отворен во
11-та минута од судиското надополнување на првото полувреме.

Жиру доби топка
на првата статива и успеа да го изненади Де Хеа, кој реагираше неспретно и придонесе
топката да мине низ неговите нозе во мрежата.

Само што стартуваше
второто полувреме, Маунт освои топка на средината од теренот, сам тргна и биеше
од врвот на шеснаесетникот, ударот не беше опасен, но Де Хеа реагираше
аматерски и повторно топката заврши зад неговиот грб.

Сите дилеми беа
решени во 74. минута, Мегваер си ја затресе сопствената мрежа за предност на
Челси од 0-3.

До крајот на
натпреварот, Бруно Фернандеш погоди од белата точка за почесен гол и конечни 1-3.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×