Милан е во страшна форма, пет различни стрелци за триумф од 5-1 над Болоња (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Милан атакува на позицијата број пет на табелата и пласман во групната фаза од Лига Европа, „росонерите“ се на бод до Рома откако вечерва триумфираа над Болоња.

Избраниците на Пиоли се во страшна форма на противникот му дадоа пет гола и во листата нa стрелци се запишаа пет различни стрелци.

Резултатот беше отворен по десет минути игра, Салемакерс доби топка на 12-13 метри и прецизно биеше по земја за 1-0. Во 24. минута, гостинскиот голман имаше неспретна реакција и лошо исфрлена топка, па Чалханоглу зголеми на 2-0.

Во финишот на првиот дел, Томијасу погоди прекрасно, намали на 2-1 и најави неизвесно второ полувреме.

Сепак, веќе на стартот од прдолжението Бенасер реализираше за 3-1, за во 57. минута Ребиќ да ја затресе мрежата на Болоња за 4-1. Во последните минути, точко на натпреварот стави Калабрија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×