Реал Мадрид ја освои титулата во Ла Лига, тимот играше посебно добро по рестартот на сезоната. Но кралскиот клуб е навикнат да носи скапи засилувања во летните продни рокови.
Перез беше запрашан дали и ова лето ќе има некоја трансфер бомба во Реал Мадрид, тој одговори: „Не, нема да има такви засилувања, ситуацијата е навистина лоша“.
„Не би било во ред да бараме од нашите фудбалери да им ја намалиме платата за да ја надминеме ситуацијата, а од друга страна да купуваме скапи играчи, тоа ќе почека додека не се создаде ситуација која пак ќе ни овозможи да купуваме големи играчи“.
„Ова е многу тешка година за нас бидејќи приходот влијае и на реновирањето на стадионот, требаше да бараме од фудбалерите да ги намалат платите, што е нешто што не сакаме да го правиме, но моравме во овие тешки времиња“.
„Стадионот има огромен удел во приходот за клубот, загубивме 25 проценти. Тоа што нема фанови е голем удар за големите клубови, парите од ТВ правата не се доволни да ги покријат трошоците“.