2,K
Понекогаш фрустрирачко изгледа кога на некој ќе му поништат гол поради милиметарски ситен офсајд. Општ впечаток е дека тоа треба да се промени, иако се уште нема идеја како би се случило тоа.
„Мислам дека треба да бидеме потолерантни. Да се поништи гол поради нос или рамо е премногу, дури и ако правилата се јасни“, вели Михајловиќ.
„Според мене тоа мора да се промени. Мора да има толеранција, иако севкупно правилото за офсајд со ВАР е добра работа“.
„Но проблем е што сигнализира до милиметар. Често ни се случува на нас, и против нас и за нас. Мора да се адаптираме сега, но во иднина треба да се промени“.