Бејл не беше нешто посебно радосен за титулата на Реал Мадрид (ФОТО+ВИДЕО)

by
1 минути читање

Герет Бејл се
покажал клучен на многу натпревари за Реал Мадрид, меѓутоа набрзо настана тивка
војна помеѓу него и самиот клуб, во која страна зазеде и шефот на стручниот
штаб Зинедин Зидан, кој подоцна мораше да ги менува своите ставови на таа тема.

Немаше никакви
дилеми во тоа дека Зидан сакаше да се ослободи од „вишокот“ Бејл, меѓутоа
Велшанецот, кој има актуелен договор со шпанскиот гигант до 2022. година
едноставно возврати со силен удар на тие идеи од спротивната страна, па
ноншалантно си остана во клубот, заедно со својата богата плата.

Како и да е, Реал
Мадрид ја освои титулата во најсилниот шпански фудбалски шампионат, а
љубителите на фудбалот добро забележаа дека Бејл не беше нешто посебно
импресиониран, ниту радосен на таа титула.

Интересен беше и
моментот кога традиционално фудбалерите го креваа на раце својот тренер Зидан,
а Бејл стоеше настрана.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×