Бразилецот во 2018 го напушти Ливерпул и се пресели во Барселона во трансфер вреден 120+40 милиони евра, но авантурата не одеше според планот. Тој нема иднина на Камп Ноу, се бара нов клуб за Филипе Кутињо и според новинарот Кевин Палмер, играчот сака да се врати на Енфилд.
Наводно „црвените“ можат да го добијат на едногодишна позајмица за која ќе платат 9 милиони фунти.
„Филипе Кутињо е достапен на позајмица, треба да се платат 9 милиони фунти за една година. Знам дека многу од навивачите на Ливерпул не беа среќни со околностите под кои тој замина, но кој не би го ангажирал на едногодишна позајмица за 9 милиони фунти? Мислам дека е брилијатен играч, и доколку Ливерпул го врати во топ форма, ќе биде одлично засилување. Јасно е дека тој го обожава клубот, едноставно беше примамен од Барселона. Од добро упатени извори ни е кажано дека сака да се врати во Ливерпул и дека прави напори да се врати, па кој не би сакал да ангажира ваков играч со докажан квалитет? Мислам дека Ливерпул може да го ангажира, Кутињо се вклопува во буџетот“ – вели Палмер.