Се тресе столчето на Кике Сетиен. Откако Барселона синоќа остана без титулата во Ла Лига, претседателот Жозеп Мариа Бартомеу закажал итен состанок со стратегот.
Медиумите од Шпанија пишуват дека Кике Сетиен денеска нема да добие отказ, но големи се шансите тој да не биде на кормилото за дуелите во Лигата на шампиони. Одредени извори шпекулираат дека стратегот ќе добие клоца во понеделник или вторник, односно по последниот натпревар од првенството.
Лео Меси синоќа „експлодираше“ и порача дека се потребни многу промени и дека со ваква игра тие немаат шанси во Лигата на шампиони, ќе загубат уште на реваншот со Наполи во осминафиналето.
Па сигурно и овие коментари ќе бидат земени во предвид кога ќе се носи одлуката за иднината на Кике Сетиен.