„Барселона ризикува да стане како Милан или Манчестер јунајтед“

by
1 минути читање

Барселона не успеа да ја освои титулата во Примера оваа сезона, синоќа Реал Мадрид дојде до трофејот.

Виктор Фонт кој во 2021 треба да му биде противник на Бартомеу во изборите за нов претседател, вели дека Барселона ризикува да стане како некој од големите клубови кои во сегашноста ќе има проблеми да освојува трофеи.

„Конкуренцијата во изминатата декада стана многу попрофесионална“, вели Виктор Фонт за радио „Би-би-си“.

„Гледате во Премиерлигата како има многу клубови кои се добро менаџирани, дури и држави поседуваат клубови и вложуваат многу пари“.

„Доколку не го спроведеме мојот план, Барселона ризикува да стане новиот Милан или Манчестер јунајтед. Да биде уште еден од најуспешните клубови во Европа кој не може да се бори за најголемите титули“.

Милан последен пат триумфираше во Серија А во сезоната 2010-11, додека Манчестер јунајтед во 2012-13.

„Меси не е среќен и се мисли што да направи следно.. Веројатно е фрустриран бидејќи веќе не може да освојува титули особено во Лигата на шампионите“.

„Сакаме да го убедиме дека доколку ние го водиме клубот од следното лето, ќе ги создадеме сите услови во последните години од неговата кариера уште неколку пати да може да ја освои Лигата на шампионите“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×