Веднаш по освоената титула, Перез проговори и за иднината на Серхио Рамос

by
1 минути читање

34-годишниот Серхио Рамос беше фантастичен за Реал Мадрид оваа сезона, капитенот беше вистински предводник на тимот кој дојде до трофејот во Примера.

Неговиот актуелен договор е до јуни 2021, но преговорите за продолжување не одат најдобро. Клубот му нуди продолжување од уште една година, додека Рамос сака да потпише до 2023.

Флорентино Перез по освоената титула вели дека сака Рамос да остане до крајот на кариерата во Реал Мадрид, па можно е раководството да ги прифати барањата на фудбалерот.

„Рамос ќе биде во клубот до крајот на кариерата, ние сме смирени и уверени во тоа“, изјави Перез по мечот.

“Тој е неверојатен капитен за нас и голем дел од нашиот успех е негова заслуга“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×