196
Барселона ја загуби титулата во Примера, а синоќа на свој терен беа поразени од Осасуна иако имаа играч повеќе на теренот.
Под водство на Сетиен, Барселона е далеку од тимот кој навивачите сакаат да биде, па иднината на стратегот е неизвесна.
„Јас сум одговорен за нашата ситуација, бидејќи јас сум тренерот“, вели Сетиен по вчерашниот меч.
„Се надевам дека во Лигата на шампионите ќе влеземе како поинаков тим, но не сум сигурен што ќе се случува следно со мене“.
„Се согласувам со коментарите на Лионел Меси за самокритиката и мора да се погледнеме себеси во наредните недели“.