171
Серијата на погодоци ја отвори Кандрева во 37. минута од натпреварот откако одлично беше проигран од Санчез.
Во 55. минута од мечот Бираги даде гол, а пет минути подоцна тој асистираше до Санчез за предност на Интер од 3-0.
Конечните 4-0 беа дело на Гаљардини кој постигна лесен погодок на 15 минути до крајот на мечот.
Со овој триумф Интер се врати на втората позиција, на пет кола до крајот има шест бода заостанување зад Јувентус.