Погба ќе потпише петгодишен договор со Манчестер јунајтед?

by
1 минути читање

Според
информациите кои ги објави „Сан“, ѕвездата на Манчестер јунајтед, Пол Погба
наводно е пред потпис на нов, петгодишен договор со клубот од „Олд Трафорд“,
актуелниот му истекува идното лето, но во истиот има и опција за дополнителни
12 месеци.

Ланското лето
Погба беше на прагот да си замине од редовите на „Црвените ѓаволи“, а постоеше
голем интерес за неговите услуги од неговиот поранешен клуб Јувентус, како и
Реал Мадрид, каде особено желба за соработка имаше Зинедин Зидан.

Како и да е, „Сан“
известува дека откако Французинот се врати на терените, а воедно се
рехабилитираше од повредата, наводно го импресионирал својот тренер Оле Гунар
Солшер, дополнително и по одличната соработка со големото засилување Бруно
Фернандеш, па очекувањата се Французинот до крајот на актуелната сезона да ја
продолжи верноста со Премиерлигашот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×