428
Чуден натпревар
на Емирати, Арсенал два пати шутна кон голот на Ливерпул и постигна два гола за
триумф од 2-1. Гостите беа тие кои го отворија резултатот, по една одлична
акциjа, Мане рутински реализираше за 0-1.
Но потоа
следуваше една лоша вратена топка на Вирџил ван Дајк, па Лаказет изедначи на
1-1. Во финишот на првиот дел, киксираше и голманот Бекер, а Нелсон погоди за
2-1.
Избраниците на
Клоп се обидува да се вратат во вториот дел, мечот го завршија со 24 удари, од
кои 8 во рамките од голот, но не успеаја по втор пат да ја затресат мрежата на
Арсенал.