Победа на Тотнем кај Њукасл, јубилеј за Хари Кејн (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Тотнем конечно врза две победи во серија, овој пат тимот на Мурињо дојде до три бода од гостувањето кај Њукасл.

Резултатот го отвори Сон во 27. минута, но по десет минути игра во вториот дел Ричи изедначи на 1-1.

Радоста на домаќините траеше кратко, Хари Кејн со глава во 60. минута погоди за ново водство на Тотнем, овој пат од 2-1.

Ова беше 200. гол во клупската кариера за Хари Кејн.

До крајот на мечот тој дојде и до 201 гол откако во 90. минута постигна нов погодок и ги постави конечните 3-1 за неговиот тим.

Манчестер Сити со 2-1 славеше над Борнмут.

Давид Силва постигна прекрасен гол уште во шестата минута од слободен удар, Габриел Жесус во 39. зголеми на 2-0. Букс во 88. постигна почесен гол за Борнмут.

Волвс кој се бори за местата во Европа, имаше водство кај Барнли со гол на Раул Хименез во 76. минута, но Вуд од пенал во 96. изедначи на 1-1.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×