639
Во вторникот, Кулмбиецот паднал во својот дом, ја удрил главата и веднаш бил пренесен во болница. За среќа сите тестови биле негативни и напаѓачот поминал со неколку конци.
Луис Муриел не беше во комбинација за синоќешната победа од 6-2 над Бреша, но ќе се врати во тимот на Аталанта овој викенд.
„Мурел имаше среќа. Се лизнал наназад и си ја расцепил главата, воопшто не било наивно, ударот бил прилично силен. Можеше да помине многу полошо, можеше да умре…“ – вели Џан Пјеро Гасперини.
„За среќа има цврста глава“ – додава на шега тренерот на Аталанта.