„Граѓаните“
ризикуваа да останат без 200 милиони фунти поради забраната за настап во Европа
од две години, но имаа успешна жалба пред Судот за спортска арбитража,
издвојуваа голема битка против УЕФА и следната сезона ќе играат во Лигата на
шампиони.
Па летоска ќе бидат
инвестирани стотици милиони фунти во нови фудбалери. Приоритет е засилување на
одбраната, прва желба е Калиду Кулибали од Наполи а на радот се и Рубен Диаш од
Бенфика и Пау Торес од Виљареал.
Нов лев бек исто
така е високо на агендата, Пеп Гвардиола ќе го убедува Даивд Алаба од Баерн
Минхен да му се придружи на Етихад.
Ќе се бара и и
нов офанзивен фудбалер од средниот ред со оглед на тоа дека Лерој Сане е
продаден на Баерн Минехн а Давид Силва го напушта клубот по истекот на
договорот. Неколку имиња се во игра како Ферен Торес од Валенсија, Каи Хаверц
од Баер Леверкузен и неговиот соиграч Лион Бејли.
Кун Агуеро е на
залезот од кариерата, па се размислува и за ангажман на негово замена. На врвот
од листата со желби е Лаутаро Мартинез од Интер, кој со месеци се поврзува со преселба
во Барселона, но никако двата клуба да пронајдат договор за висината на трансферот.