Титулата од Ла
Лига е на дофат, Реал Мадрид го дели една победа од трофејот во Ла Лига, работа
ќе завршат и две ремија во последните две кола. Вечерва со 1-2 беше совладана
Гранада за нов исчекор кон шампионско славје.
„Кралевите“
одлично го отворија мечот и по петнаесетина минути имаа два гола предност.
Најпрво Менди од мртов агол биеше силно под пречката за 0-1, а потоа Бензема
убаво пласираше за 0-2.
Гранада се врати
во игра на стартот од вториот дел, Касемиро загуби топка на средината од
теренот, домаќините тргнаа во контра а Мачис реализираше за 1-2.
Сепак тоа беше се
што сторија фудбалерите на Мартинез, во финишот имаа две големи шанси, најпрво
Куртоа одбрани а потоа Рамос расчисти од гол линијата и се погржи Реал Мадрид
да има девет од девет по рестартот на сезоната.