275
По двата кикса против
Болоња и Верона, Интер им се врати на победите, вечерва дома со 3-1 ја доби
пресметката со Торино.
Мечот не почна
добро за „нероаѕурите“, Хандановиќ испушти една топка и му подари гол на Белоти
за водство од 0-1.
Сепак,
избраниците на Конте заиграа далеку подобро во продолжението и за 15 минути
направија целосен пресврт.
Најпрво Мартинез
спушти една топка за Ешли Јанг, кој силно биеше за 1-1. Неколку минути подоцна,
Санчез врати топка во петерецот а Годин со глава донесе предност од 2-1. По
еден час игра, Лаутаро Мартинез со многу среќа ја затресе мрежата на Торино за
3-1.