Саутемптон го шокираше Јунајтед во 96. минута, ова може да ги чини „ѓаволите“ Лига на шампиони (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Избраниците на
Солшер имаа можност да скокнат на третата позиција по киксовите на Челси и
Лестер, беа на добар пат да го сторат тоа но примија гол во последните мигови и
испуштија два важни бода во трката за топ четири пласман и местата кои водат во
Лигата на шампиони.

Вечерва
Саутемптон ги изненади во 96. минута, Обафеми најдобро се снајде по еден корнер
и ја затресе мрежата.

Претходно во
мечот, Погба изгуби една топка на врвот од шеснаесетникот а Редмонд му
асистираше на Амстронг за 0-1 во 12. минута.

„Ѓаволите“ брзо
се вратија во игра и за помалку од 180 секунди направија комплетен пресврт.
Најпрво Марсијал му асистираше на Рашфорд за 1-1, за потоа самиот Французин да
погоди за 2-1.

Манчестер
јунајтед потоа имаше неколку шанси предвреме да го реши мечот, а откако не го
стори тоа, беше шокиран длабоко во судиското надополнување. Па наместо да се
искачи на третото место на табелата, остана на позицијата број пет и овој кикс
може да ги чини место во Лигата на шампиони.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×