Бејл се глупираше и против Гранада, медиумите од Шпанија имаат теорија за срамното однесување (ФОТО)

by
1 минути читање

Герет Бејл
повторно е во фокусот. Откако против Алавес заштитната маска ја стави преку очи
и малку дремна на трибините, вечерва против Гранада правеше двоглед.

Медиумите од Шпанија
имаат теорија за ваквото срамно однесување на Велшанецот и велат дека напаѓачот
намерно прави глупости за да го изнервира Флорентино Перез и да го натера претседателот
на Реал да му ги исплати последните две години од договорт и потоа тој слободно
да си одбере друг клуб.

Герет Бејл е
најплатен на „Бернабеу“ со примања од околу 17 милиони евра и тешко дека некој друг
клуб од Европа може да му понуди вакви услови, па затоа тој не беше премнгогу желен
да замине од Мадрид минатото лето.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×