430
Португалецот цела недела фрла со дрва и камења по Мајкл Оливер и ВАР откако најпрво против Шефилд јунајтед им беше поништен гол, а синоќа против Борнмут не добија пенал.
Жозе Мурињо сега одново најде начин да испрати провокација, откако му беше посочено дека Тотнем има проблеми во нападот по ре-стартот на сезоната и постигнато само пет гола, тој порача дека бројката ќе била пооглема доколку им се свирело пенали како на Манчестер јунајтед.
„Ќе ни беа од помош 13-те пенали на Манчестер јунајтед“ – кратко истакна тренерот на Тотнем.
„Ѓаволите“ испишуваат рекорди оваа сезона по бројот на досудени пенали а синоќешниот досуден за старт над Бруно Фернандеш беше прилично сомнителен.