Манчестер
јунајтед синоќа славеше на гостувањето кај Астон Вила со 0-3, а со тоа „Црвените
ѓаволи“ во целост ја оправдаа големата фаворитска улога на таа пресметка, дури
и по фактот што им беше доделен доста контроверзен пенал.
Иако претходно
беше мета на големи критики, Ентони Марсијал има сезона за паметење, досега на
28 меча успеа да постигне 15 погодоци, а притоа да додаде уште и 4 асистенции,
синоќа Французинот не успеа да погоди, но запиша една мошне добра асистенција,
веројатно е дека сакаше многу повеќе од тоа, но беше повлечен од игра во 79.
минута од мечот за во игра да влезе Игало, една традиционална измена по
замислите на Оле Гунар Солшер.
Камерите регистрираа
голема разочараност кај Марсијал поради одлуката на Солшер, кој поздравувајќи
се со напаѓачот беше со насмевка на лицето, но истата ја немаше кај Марсијал
кој делуваше тотално разочарано.
На социјалните
мрежи се забележува големата импресионираност кај навивачите на Манчестер јунајтед
поради таквата реакција на Марсијал, поради желбата за дополнително докажување,
но, импресиониран е воедно и самиот Солшер, кој има зошто да биде среќен поради
перформансите на Французинот.
„Навистина е
одлично да го видам како не е среќен во моментите кога е повлечен од игра,
бидејќи сакам фудбалерите да имаат желба да останат на теренот покрај своите
соиграчи, прекрасно…“ рече Солшер по мечот.
„Јас ќе бев
загрижен доколку тој посакуваше да биде повлечен од игра, Ентони станува се’
позависен од головите, можеше да го
доигра мечот, но стартува на секој меч, сите сакаат да бидат дел од тимот, да
бидат на теренот, а тој има голема желба за докажување, тоа е одлично“ додаде
Норвежанецот.