Мурињо нема да го гледа документарецот за Тотнем: Како да сум во Големиот Брат… (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Шефот на
стручниот штаб на Тотнем, Жозе Мурињо воопшто не му се допаѓа фактот што „Амазон“
сними документарец за клубот кој тој го предводи од клупата, најмногу поради
тоа што Португалецот чувствува како да е дел од некое реално шоу.

Мурињо јавно
откри дека нема да го гледа документарецот насловен „Се
или ништо“ кој сведочи за катастрофалната сезона
за клубот од Северен Лондон.

Не ми се допаѓа
чувството како да сум дел од Големиот Брат, се обидов да ги заборавам во
поголемиот дел од времето
“ рече Мурињо.

Немам претстава
што има во тој документарец, но, не се грижам воопшто за тоа, од тоа што го
знам, ништо не е фејк, се
е
реално, вистински
“ додаде Португалецот.

Сметам дека за
нив ова е голем проект, имаат можност да претстават на јавноста како е во
соблекувалната, имаат можност да регистрираат секаков момент 24 часа во нашиот
клуб, имаат одврзани раце
“ вели Мурињо.

Сето тоа е толку
многу реално, сите се однесуваат природно, а дали јас ќе го гледам тоа? Не,
нема да го гледам, тоа не е нешто што јас го посакувам
“ наведе португалскиот
фудбалски стратег веднаш по објавата на најавата за документарецот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×