Веројатно е дека
во Куќата на европскиот фудбал се засрамени од коментарите на поранешниот
дефанзивец на Баерн Минхен, Томас Хелмер кој за време на ждрепката за
полуфиналната фаза од Лига Европа, истото натпреварување го нарече Куп на
губитниците.
„Дали знаеш како
тој го нарекува ова натпреварување, не знаеш?“ го запраша Хелмер Педро Пинто
кој ја предводеше ждрепката, по што заврши со коментарот: „Купот на губитниците“, посочувајќи го мислењето на неговиот
колега од УЕФА, Џорџо Маркети за тоа натпреварување, на што овој одговори со насмевка.
Инаку, што се
однесува пак до 55 годишниот Хелмер, тој во седум сезони во дресот на Баерн
Минхен (1992-99) одигра 191 натпревар, на кои постигна 24 погодоци, за
националниот состав на „Панцирите“ запиша 68 настапи, на кои постигна 5
погодоци.