Бизнисменот од
Тунис кој има и француско државјанство, Мохамед Ајаши Ажруди сака да стане нов
сопственик на Марсеј. Тој има големи планови и сонува да го донезе Зинедин
Зидан на клупата, како и Кристијано Роналдо во нападот.
„Го обожавам
фудбалот. Ми се допаѓа германската дисциплина, особено таа на Баерн Минхен.
Исто така го ценам стилот на игра на Барселона. Кристијано Роналдо пак е фудбалерот
кој никогаш нема да заборавам. Сакам почит и дисциплина, a тој е олицетворение на ова. Дали сонувам
за негово пристигнување во Марсеј? Се е возможно во животот. Соништата ме движат
напред“ – вели Мохамед Ајаши Ажруди.
„Тренерот кој
сега е на клупата (Андре Виљаш Боаш) е навистина добар, но дали има нешто
подобро од тоа да го вратиме локалниот херој“.
Запрашан дали
мисли на Зинедин Зидан, тој со насмевка на лицето одговорил: „Иднината ќе ни каже“.