Италијански новинар „експлодираше“ по поништениот гол на Елмас: Лудаци ќе смислеа подобро решение од ова правило!

by
1 минути читање

Од оваа сезона на сила е ново правило според кое секој гол се поништува доколку на зачетокот од акцијата има играње со рака, без разлика дали имало или немало намера. Идејата беше да се намали контроверзијата, но имаше неколку ситуации каде голови беа поништувани против секоја логига.

И нашиот Елиф Елмас беше жртва на ова ново правило, Македонецот синоќа ја затресе мрежата на Џенова но интервенираше ВАР поради играње со рака на Костас Манолас.

Ова беше причина за новинарот Сандро Пичинини да „експлодира“ на Твитер.

„Доколку некој побарал од група лудаци затворени во лудница да состават ново правило за играње со рака во шеснаесетникот, сигурно ќе најдеа решение кое е помалку лудо од сегашното“ – напиша Пичинини на социјалните мрежи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×