882
Сите важни работи на натпреварот се случија во рок од шест минути. Најпрво Фати во 50. минута заработи црвен картон поради опасен старт.
Но Барселона само три минути беше со играч помалку бидејќи тогаш Лозано исто така поради опасен старт беше исклучен во тимот на Еспањол.
Во 56. минута Суарез најдобро се снајде во шеснаесетникот на гостите, постигна гол кој на крајот значеше победа на Барселона од 1-0.
По овој пораз Еспањол ги загуби сите шанси за опстанок и од следната сезона ќе игра во втората лига.