Лука Јовиќ
минатото лето стана најскапиот фудбалер од Балканот откако Реал Мадрид за
неговите услуги плати 60 милиони евра. Но напаѓачот има катастрофална сезона, и
најчесто е во фокусот на вниманието поради работи кои не се поврзани со
фудбалот.
Откако се повреди
додека беше во карантин и паузираше два месеци, Лука Јовиќ му се стави на
располагање на Зинедин Зидан и влезе од клупата за резерви против Атлетик
Билбао и помина некоја минута на теренот.
Сепак, тој одново
е под знак прашалник поради нова глупост. Како што пренесуваат медиумите од
Шпанија, фудбалерот е во изолација откако бил во контакт со лице позитивно на
коронавирус.
Друга на
Јовиќ во понеделникот пристигнал во Мадрид од Белград, а протоколот на
„кралевите“ налагал тој да биде тестиран. Кога се дознало дека лицето е
позитивно на коронавирус, веднаш било тргнато од окружувањето на фудбалерот, но бељата веќе била направена.
Лука Јовиќ исто
така направил тест, кој е негативен, но протоколите налагаат тој да биде во
изолација. Реал Мадрид нема да го прими назад на тренинг се додека и вториот
тест не биде негативен, а можно е да инсистираат и на трет негативен тест. „Кралевите“ не сакаат ништо да ризикуваат, особено сега
кога се на чекор до титула во Ла Лига.