Како Роналдо се обидел да го испровоцира Ибрахимовиќ пред да го шутне пеналот (ФОТО и ВИДЕО)

by
1 минути читање

Милан синоќа со
чуден пресврт и три гола за пет минути успеа да се врати од загубен меч и да
слави со 4-2 над Јувентус.

Се почна со најстрогата
казна досудена со помош на ВАР, Златан Ибрахимовиќ погоди од белата точка и ја
врати надежта кај „росонерите“.

Според пишувањата
на ДАЗН, Кристијано Роналдо имал обид да го деконцентрира и испровоцира Златан
Ибрахимовиќ пред голгетерот на Милан да го изведе пеналот. ЦР7 му дофрлил на
голманот Шчесни, „Го познавш, знаеш кај ќе шутне“.

Швеѓанецот сепак
е стар лисец, остана смирен, го испрати Шчесни на една страна а топката на
друга, па потоа се сврте и добро му се изнасмеа на ЦР7.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×