Милан за само
неколку дена ги преслуша двете водечки екипи во Серија А, откако ви саботата славеше со 0-3 на
гостувањето кај Лацио, вечерва го совлада Јувентус со 4-2.
Почетокот на
второто полувреме на навестуваше ваков исход, Рабио со прекрасен гол донесе
водство од 0-1, а потоа Кјер и Ромањоли се судрија и му овозможија на Роналдо
да погоди за 0-2.
Сепак, ВАР им
даде крилја на „росонерите“ па следуваше магичен пресврт и три гола за пет
минути.
Едно играње со
рака на Бунучи беше прегледувано, Гвида реши да покаже на белата точка а Златан
Ибрахимовиќ ја реализираше најстрогата казна и донесе 1-2. Потоа следуваше
одлична акција по која Кеси изедначи на 2-2. Веќе го следниот напад резултатот
на семафорот гласеше 3-2.
Беше пуштена
предност иако имаше прекршок над Ребиќ, Леао тргна сам против сите и успеа да
го изненади Шчесни на првата статива за огромна радост.
Јувентус беше на
колена, па во 80. минута Алекс Сандро лошо врати една топка а Ребиќ ја затресе
мрежата на гостите за 4-2.