Челси е мошне
активен на трансфер пазарот, а речиси и да нема дилеми дека составот предводен
од Френк Лампард најавува голема амбициозност за идната сезона, веќе се
договорени нови засилувања, но во клубот работат и на продолжување на
соработката со одредени моментални играчи во тимот.
Еден од нив е
секако 22 годишниот Тами Абрахам, кој моментално заработува 50,000 фунти
неделно, а како што известуваат на Островот, талентираниот фудбалер во
преговорите бара 130,000 фунти неделна плата за да потпише нов договор со
клубот.
Со тоа, Абрахам
посакува да се израмни со Калум Хадсон-Одои во однос на платата во Челси, инаку
големото засилување Тимо Вернер потпиша петгодишен договор со Премиерлигашот
според кој ќе заработува 170,000 фунти неделно.
За моменталната
ситуација со Абрахам запрашан беше и Лампард, тој тврди дека ситуацијата
воопшто не е критична, остава на засегнатите страни да го решат тоа прашање.
„Договорот на
Тами не е на едно критично ниво, а јас ќе го оставам тоа прашање нему, како и
на клубот да дискутираат“ изјави Лампард.
„Тами има
навистина добра сезона зад себе, но тој мора да се фокусира на тоа да ни го
даде нам оној Тами кој ние го имавме претходно сезонава кога постојано
погодуваше“ додаде Лампард алудирајќи на постот на Абрахам, кој најмногу се
должи поради повредите на напаѓачот.
Како и да е,
Абрахам сезонава на 29 настапи успеа да постигне 13 погодоци, а притоа да
запише уште четири асистенции зад неговото име, сепак, повредите веројатно дека
го спречија за многу повеќе од тоа, а од тоа што го гледаме, младиот напаѓач
мака мачи како да се врати во препознатливата форма, особено откако Оливие Жиру
е во моментов прв избор кај Лампард.