265
Ралф Рангник ќе
биде „газда“ на Сан Сиро следната сезона, голем број на извори пренесуваат дека
паднал конечен договор и Германецот ќе биде тренер, технички директор, главен
на медицинскиот персонал и уште многу други работи.
Иван Газидис веќе
го известил Паоло Малдини дека ова е завршена работа, па тоа значи дека
легендата ќе остане без својата функција.
Првиот човек на
Милан сака да го задржи Паоло Малдини во клубот, но му доставил понижувачка
понуда, да биде амбасадор.
Се верува дека
одговорот ќе биде НЕ со оглед на тоа дека Паоло Малдини во минатото одби ваква улога.