19 погодоци,
дополнети со 2 асистенции во 31 настап сезонава значат и повеќе за Арсенал од
нивната прва ѕвезда во составот, 31 годишниот напаѓач Пјер-Емерик Обамејанг,
но, проблем барем засега е дали клубот ќе продолжи со Габонецот и идната
сезона.
Актуелниот
договор на Обамејанг истекува идното лето, па неизвесно е дали тој ќе остане
летово во редовите на „Топчиите“, а нема дилеми во тоа дека ова прашање ќе биде
клучно за решавање од страна на Микел Артета.
Навивачите на
Арсенал на секој можен начин се обидуваат да извлечат некој одговор од
Обамејанг, а откако тој учествуваше во живо на социјалните мрежи каде многумина
навивачи на „Топчиите“ имаа што да го прашаат, дојдоа до една мошне интересна
ситуација.
Еден навивач
побара од Обамејанг да намигне доколку потпише нов договор со клубот, на што
Габонецот одговори со повеќе намигнувања во низа, а притоа се насмеа, дали со ова
Габонецот најави добри вести за навивачите во периодот што претстои, останува
да видиме.