Има многу причини
зошто „поголемите“ клубови во Премиерлигата го сакаат потписот на Натан Аке,
Холанѓанецот кој се чини дека е единствената светла точка во Борнмут, клуб кој
се’ поизвесно е дека идната
сезона ќе се натпреварува во понизок ранг.
Иако претходно се
наведуваше дека Аке би можел да се врати во Челси, извесно е дека до тоа нема
да дојде бидејќи клубот од Лондон веќе крои планови за други опции, а повторно
се појавија шпекулации дека Аке би можел во Манчестер јунајтед, поткрепени со
една доста интересна ситуација.
Борнмут за момент
навести изненадување, но Манчестер јунајтед славеше со 5-2 изминатиов викенд,
но повеќето љубители на фудбалот кои ја проследија пресметката на „Олд Трафорд“,
по крајот на истата видоа „флертување“ од страна на Оле Гунар Солшер со Аке.
„Потребен ни е
левак во одбраната, продолжи така“ наводно му рекол Солшер на Аке кој инаку му
се заблагодари на тие коментари.
За потписот на
Аке, освен Манчестер јунајтед и Челси, претходно се споменуваше и Манчестер
Сити, па извесно е дека за потписот на Холанѓанецот ќе претстои голема битка, а
„Црвените ѓаволи“ иако го имаат Виктор Линделоф како стандарден стопер во
друштво на Хари Мегваер, им недостасува дополнителна опција, од причина што
полека но сигурно го губат трпението со Ерик Баји.