Видео
технологијата требаше да донесе помалку скандалозни одлуки, но и понатаму се
случуваат многу контроверзни моменти. Речиси и да не нема коло во кое ВАР не е
во центарот на вниманието, па Френк Лампард предложи по крајот на сезоната сите
инволвирани во фудбалот да седнат и да дискутираат.
„ВАР подобри
одредени аспекти од играта, но мислам дека има начини и самиот ВАР да се
подобри. Мислам дека сите треба да седнеме по крајот на сезоната: тренери,
фудбалери, судии и сите оние други кои се инволвирани во фудбалот и да
дискутираме за работите кои сакаме да се подобрат“ – изјави тренерот на Челси.
Ваквите коментари
наидоа на потсмев кај Жозе Мурињо кој смета дека неговиот помлад колега е
наивен штом мисли дека нивниот глас се слуша.
„За неколку
години, Френк ќе разбере дека овие состаноци кои ги имаме во текот на сезоната
не значат ништо. Во моментов тој верува дека неговиот глас е важен, дека
фудбалот го водат луѓе од фудбалот. Но по некое време ќе разбере дека играме
како другите ни свират и мораме да ги прифатиме работите такви какви што се.
Изминативе 20 години присуствував на многу состаноци, и мислам дека немавме ама
баш никакво влијание на одлуките“ – вели „специјалниот“.