Со месеци се пишува
дека цените на фудбалерите ова лето нема да бидат исти поради коронавирус
кризата, но со оглед на тоа дека фудбалските првенства се уште се во тек,
активностите на трансфер пазарот се минимални и нема јасна слика за тоа колку
пандемијата на ковид 19 ќе влијае врз висината на сумите.
Судејќи според
последните информации, клубовите сепак ќе мора да се помират дека ќе нема расфрлање
со пари како во минатото, и ќе мора да се даде одреден попуст.
Од Италија пристигнува
информација дека Лацио решил да се раздели со Сергеј Милинковиќ Савиќ за 70
милиони евра, иако до пред некое време „бјанкочелестите“ инсистираа да добијат 100
милиони евра.
Манчестер
јунајтед и ПСЖ се посочуваат како клубовите кои подолго време пројавуваат
интерес за услугите на Србинот.
Слична е
ситуацијата и во Наполи, Калиду Кулибали е на продажба и тоа за помалку од 80
милиони евра. Според пишувањата на Телеграф, дефанзивецот е достапен за 70
милиони фунти (околу 77 милиони евра) и покрај тоа што од Сан Паоло неодамна порачаат
дека бара најмалку 100 милиони евра.
Останува да се
види дали има вистина во ваквите стории, но доколку Клаудио Лотито и Аурелио Де
Лаурентис, кој важат за луѓе со кои најтешко се преговара, ги намалат цените на
своите најбарани играчи, тоа сигурно ќе биде знак дека не чекаат значително
помали трансфери.