Голот од слободен удар во сенка стави друго големо постигнување, Јувентус немал голгетер како Роналдо дури 60 години!

by
1 минути читање

Јувентус попладнево
со 4-1 го доби градското дерби со Торино, а Кристијано Роналдо постигна
прекрасен гол од слободен удар. ЦР7 конечно го скрши малерот, му беа потребни
43 натпревари за да погоди од прекин во дресот на „старата дама“, а по крајот на натпреварот и самиот призна дека му паднал камен
од срцето.

„Ми требаше ова, за
да ми се зголеми самодовербата“
– истакна Португалецот по последниот свиреж.

Голот од слободен
удар во сенка стави едно друго големо постигнување. За Кристијано Роналдо ова
беше погодокот број 25 оваа сезона во Серија А и за да го најдеме последниот
играч на Јувентус кој успеал да стигне до ваква бројка, треба да се вратиме 60
години во минатото.

Се работи за Омар
Сивори, кој во сезоната 1960/61 постигнал 25 погодока.

Кристијано
Роналдо исто така е само седмиот фудбалер во историјата на Јувентус кој успеал да
постигне барем 25 погодка во една сезона во најсилното првенство на Италија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×