210
На пет кола до крајот на сезоната во Примера, Реал Мадрид има четири бода предност пред Барселона и е на добар пат да дојде до титулата.
Овој пат Реал Мадрид тешко стигна до трите бода, Хетафе се покажа како цврст противник, но беше скротен во финишот од пенал.
Во 79. минута Серхио Рамос погоди од белата точка за водство од 1-0 на Реал Мадрид кое на крајот значеше победа и важни три бода.