Шефилд јунајтед го совлада Тотнем, Мурињо ќе има што да каже за судиите (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Шефилд јунајтед
играше слабо по ре-стартот на сезоната, освои само еден бод на три меча и не
постигна ниту еден гол, а беше елиминиран и во ФА Купот.

Популарните „сечила“
вечерва се прикажаа во добро светло и успеаја да го совладаат Тотнем со 3-1. Жозе
Мурињо сигурно ќе има што да каже за судиите откако на „спарси“ им беше
поништен гол за 1-1.

Откако Берге ги
донесе домаќините во водство од 1-0, Кејн одговори веќе во следниот напад, но
ВАР стапи на сцена и досуди играње со рака на Лукас Мура. Според новите
правила, доколку падне гол а претходно во акцијата имало играње со рака, голот
се поништува. Но во ситуацијава, Лукас Мура паѓаше а противникот од едно метро
ја шутна топката во раката на Бразилецот, па прашање е колкава намера имало и
дали можело да се избегне играњето со рака.

Тотенхем потоа
тешко креираше акции, а домаќините знаеа да ги искористат приликите кои им се
укажаа. Мусте во 69. минута зголеми на 2-0 а Мекбарни на пет минути до крајот ги
реши сите дилеми.

Во последните
мигови од мечот, Кејн се запиша во листата на стрелци и само го ублажи поразот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×