Симеоне: Дали Гризман можеше да направи нешто за 3 минути? Па видете, Атлетико изгуби финале во ЛШ за три минути…

by
1 минути читање

Доцната замена на
Антоан Гризман на дербито помеѓу Барселона и Атлетико Мадрид е топ тема во
Шпанија. Напаѓачот доби шанса дури во 90. минута, и го одигра само судиското
надополнување.

Французинот, но и
многумина други, смета дека е понижен, па неговата сестра/агент, итно побарала
состанок со раководството на Барселона.

Диего Симеоне по
мечот не сакаше да ги коментира случувањата, но денеска реши да одвои збор два.

Запрашан дали е понижување
тоа што Гризман поминал неколку минути на теренот, тренерот на Атлетико
одговори: „Видете, три минути знаат да биде одлучувачки. Атлетико изгуби финале
во Лигата на шампиони за три минути…“

Аргентинецот
алудира на мечот од 2014, кога Атлетико го делеа секунди од титулата, а Серхио
Рамос во 93. минута од мечот изедначи на 1-1, за „кралевите“ во продолженија да
слават со 4-1.

Диего Симеоне
имаше интересна реакција кога виде дека Антоан Гризман влегува на терен во 90. минута,
па прашан да го образложи гестот крај аут линијата, тој кратко рече: „Немам
зборови“.

Потоа следуваше
прашање дали Антоан Гризман погрешил што ја заменил Барселона со Атлетико, а
стратегот порача: „Не сакам да покажам непочитување, но играме натпревари на
секој два-три дена, и мојот фокус е насочен само кон ова, другo не ме
интересира“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×