Само Мурињо може да бодри вака: Кога ќе се родиш без потенцијал, ќе си умреш без потенцијал, но Ндомбеле има талент

by
1 минути читање

Танги Ндомбеле
минатото лето стана најскапото засилување во историјата на Тотнем, за неговите
услуги беа платени 60 милиони евра, плус додатни 10 милиони во бонуси.

Но Французинот тешко
се адаптира на новата средина, игра далеку под очекувањата а влезе и во
конфликт со Жозе Мурињо. Се шпекулираше дека фудбалерот од средниот ред му
порачал на „специјалниот“ дека нема намера повеќе да игра под негово водство.

Португалецот
подоцна ги негираше ваквите гласини, а сега упати нова порака до играчот. Жозе
Мурињо смета дека Танги Ндомбеле може да блесне во Тотнем и за пример го посочи
Лука Модриќ, кој се мачеше првата сезона во дресот на Реал Мадрид но сега е
ѕвезда.

„Доколку играчот нема талент, ништо нема да направи, ништо нема да се случи. Кога ќе се родите без потенцијал, ќе си умрете
без потенцијал. Но кога имате талент, мноу работи можат да се променат и многу
работи можат да се случат“
– вели Мурињо.

„Во фудбалот има
многу примери кога играчите имале потешкотии на стартот но потоа сè се завршило
добро“.

„Кога Лука Модриќ
пристигна во Реал Мадрид, по само шест месеци луѓето велеа дека е најлошото
засилување во историјата. Неколку месеци подоцна беше шампион, потоа стана европски
шампион, а пред некоја година и најдобриот фудбалер во светот“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×